Sweet Home

Фенг Шуи предупредување: овие СЕДУМ предмети во домот ви ја крадат енергијата!!!

Дали забележувате негативна енергија, нервоза и недостиг на хармонија во вашиот дом? Доклку вашиот одговор е “да”, веруваме дека добро ќе ви дојде следниов текст…

Само мали промени во семејниот дом може да донесат позитивна енергија и просперитет. Многу често не сте ни свесни дека некои предмети , всушност биле “ енергетски вампири” кои ни ја крадат нашата позитивна енергија и ни го загрозуваат мирот и хармонијата.

Со цел во вашиот дом да завладее позитивна енергија, се консултиравме со Фенг Шуи експертите: еве на кои 7 работи ( или лоши навики) тие предупредуваат, бидејќи носта негативна енергија во домот:

Валкана гардероба во аголот на собата

Ова е една од првите работи на кои предупредуваат експертите. Треба да знаете дека на тоа место се одлева и позитивната енергија од домот.

Чевли наредени пред вратата

Без оглед на тоа дали се наредини во спаланата соба или во било која друга овие предмети се вистински “енергетски вампири”, особено ако се валкани.

Еден куп на стари весници, списанија, листови и книги

Весниците фрлете ги во ѓубре, веднаш штом ќе ги прочитате. Доколку собирате списанија или книги, чувајте ги на полица, а не на под или агол од собата. Расфрлани низ собата, овие предмети ќе ви донесат лоша енергија.

Испукани или оштетени тањири и чаши

Скршените садови носат лоша енергија, тврдат фенг шуи експертите. Подобро купете евтин комплет, отколку да користите скап, но оштетен комплет на садови. Користењето на вакви садови може да ви донесе лошо влијание на кариерата и финансиите.

Празни тегли од ориз, сол или шеќер

Никогаш не трба да дозволите теглите од ориз, сол или шеќер да останат потполно празни. Полиците со празни тегли во кујната влијаат на среќата и хармонијата во семејството.

Место за седење или спиење под греди

Дрвените греди се омилен дизајнерски елемент кој често го гледаме во домовите. Меѓутоа, доколку ја поставите софата или креветот под овој детал треба да знаете дека отровните стрели се усмерени кон вас, објаснуваат фенг шуи експертите.

Скромни порции на ориз во чинијата

Кога им служите храна на гостите, погрижете се секој да има повеќе од доволно. Ова правило најнапред важи за оризот. Според начелата на фенг шуи, недостиг на ориз во чинијата значи недостиг на благосостојба.

 

Напиши коментар