Sweet Home

Футуристички јахта-дом во Атина

Грчкото архитектонско студио “314 Architecture Studio” го заврши дизајнот на “H3 House”, футуристичката резиденција изградена на столбови, која изгледа како да се протега над водата од базенот во дворот.

Куќата која наликува на јахта, се протега на површина од 300 квадратни метри, а е изградена на имот од 7,000 квадратни метри, во едно предградие на Атина, Грција.

Ако и вие на прв поглед помисливте дека станува збор за јахта, не сте единствените. Всушност, самите архитекти се потрудиле да ги остварат желбите на сопственикот кој има голема страст за јахти.

Еколошкиот дом има систем за ладење преку водата и истиот користи геотермална енергија за намалување на трошоците.

Големата отворена тераса овозможува врвен простор за релаксација, каде што сопствениците, во целосна приватност, ќе може да уживаат во извонредните пејзажи.

Write A Comment