Оваа трансформација на стара гаража во модерен стан е изведена под внимателна контрола на италијанското студио Ego Vitamina Creativa.
Дуплекс апартманот се наоѓа во, Кунео, град во Северна Италија и го носи името Casa LD. Се протега на два ката и е поврзана со скулпторални скалила, јавните и приватни простори се поврзани со прекрасен дизајн и палета бои.
Светлата, елегантна зона во приземјето, специфична за собата за дневен престој, трпезаријата и кујната се чини дека е раздвоена со широк столб и транспарентен камин, но просторите истовремено изгледаат како да се силно поврзани.
Ego Vitamina Creativa замислил животен простор каде дизајнот претставува повеќестрана конструкција која делува како простор за складирање. Интересен дел од дизајнот е и перфорираната метална ограда на скалилата, која води до спалните на горниот кат.
Овој единствен елемент го заокружува дизајнот на станот и докажува дека внимателно уредениот простор исто така мора да има фокусна точка за да се креира интересен ентериер.








