Модерните свадби се далеку од стандардните опции за декорирање, и се движат кон идеи кои се надвор од границите. Споделувањето на дел од вашата личност на секоја од масите стана популарен тренд во свадбениот декор. Здодевните вазни со цветови и дизајни веќе не се во мода, а креативноста стана детал со високо влијание за секоја маса.
Традиционалните флорални декорации можат да земат голем дел од вашиот буџет. Затоа, тука треба да настапи креативноста. Земете во предвид внимателно декорирани вазнички со малку цвеќиња, или доколку не сте љубител на цвеќиња, размислете за опција – без цвеќиња. Без разлика дали имате мал буџет, малку време, или само сакате да ја покажете вашата креативност, денешните идеи за светни декорации се дефинитивно наменети токму за вас!























