Најголем дел од модните трендови се наречени „тренд“ поради причина, иако таа причина често ја гледаме откако ќе помине трендот. И доколку во 90-те години пластичните сандали ги носевте само поради тоа што беа „тренди“, сега ќе ги облечете бидејќи толку многу ви недостасувале, поради нивните предности.

90-те години ќе ги паметиме по хип-хоп, видео игрите, Интернет-бумот, враќањето на спортската мода и пластичните сандали! Иако беа заборавени на подолг период, пластичните сандали сега се враќаат во мода.
Совршени се за плажа. Не само за нас туку и за децата. Без разлика дали плажата е со камчиња или песочна, секогаш тука се и школките, морските ежови или острите камчиња, како и жешкиот песок, кои можат да ги повредат стапалата. А и најмалата исеченица на стапалото може да го упропасти денот, па дури и добар дел од одморот. Со пластичните сандали на нозете, тоа нема да се случи.

За разлика од „јапонките“ во кои, можеме да се обложиме, тешко се трча, со пластичните сандали лесно може да трчкаме од плажата – внатре во водата и повторно назад колку сакаме. „Јапонките“ се најчуствителни на делот кој е наменет за меѓу двата прста на ногата, тука најчесто се кинат, па така и пократко ќе ги носите од пластичните сандали.

Годинава достапни се во пастелни бои, најшарени на „најврескави“, најчесто се и светкави. Има ли нешто повесело од тоа?
И уште нешто, сега слободно може да ги носиме и на улиците. Совршен пар се со кратките панталончиња, џинсот и лелеавите фустанчиња. Дури и со кратки чорапчиња под нив.
