Дестинации

Хотел од мраз кој се гради одново секоја година

“Hotel de Glace” во Квебек, Канада, веројатно е најинтересното место во светот. За едно сме сигурни, дека е најстудениот и единствен хотел од ваков вид во Северна Америка.

Станува збор за времена градба бидејќи хотелот постои само неколку месеци во годината оти е направен од мраз. Првпат бил изграден во 2001 година и оттогаш наваму секоја година се гради повторно. Оваа сезона, ќе постои 4 месеци, односно ќе се “отвори” на 4 јануари и ќе биде достапен за гости до 28 март, 2016 година.

Направен е од 500 тони мраз и 30 000 тони снег. Процесот на градба започнува во декември односно кога температурите ќе држат константа од нула степени. Педесетина луѓе работат неуморно приближно шест недели за да создадат хотел со 44 соби, кој вклучува и ресторант, топли бањи, сауна и студен бар.

 

 

Write A Comment