
530 Читања
Многу луѓе ги сакаат книгите но, постојат и онакви кои буквално спијат до нив. „Книга и кревет Токио“ е хотел кој е тематски уреден во облик на библитека, каде буквално можете да читате се додека не потонете во сон. Дизајниран од Макото Танијири и Аи Јошида од „Suppose Design Office“, ова катче е идеално за љубителите на пишаниот збор. Денот на отворањето на хотелот е закажан за 5 ноември, кога се очекува библиотеката да понуди 1700 различни наслови на книги. Во наредниот период се очекува нивната бројка да порасне и до 3000 книги. Погледнете како изгледа внатрешноста на хотелот.