Пегите на кожата се слоеви темен пигмент, кои настануваат заради претераното изложување на UV зрачење.
Најчесто се појавуваат на лицето, деколтето и рацеве, а највидливи се во летниот период.
А, за да ги избегнете малите флеки кои ви се прв непријател на потемнетата кожа, почесто употребувајте ги овие намирници:
Лимон
Освен скапите креми и серуми, пегите ќе ги избледете со лимон. Доволно е да го преполовите и да ги триете пегите 10 до 15 минути секој ден. Измијте ја кожата и намачкајте ја со ноќна крема.
Киселината од лимонот ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата, а првите резултати се видливи по месец и половина.
Алое вера
Слично како и лимонот делува и алое верата. Гелот или сокот треба да го нанесете директно на пегите најмалку 2 пати на ден. Првите резултати ќе бидат видливи по 8 недели.
Виолетов кромид
Виолетовиот кромид е подеднакво ефикасен во борбата со пегите. Треба само да го пресечете на половина и да го триете со кожата. Постапката треба да се повторува еднаш дневно, во текот на 2 месеци. Избегнувајте го овој метод за нега на лицето, поради солзењето на очите.
Зелен чај
Освен што го изедначува тенот, зелениот чај е одличен борец против нееднаквиот тен. Доволно е една вреќичка чај да ја потопите во врела вода неколку минута, а потоа да ги притиснете на памук и со тоа да ги поминете критичните делови. Постапката може да ја повторувате неколку пати на ден, а најпрепорачлива е пред спиење, кога се обновува кожата.
