Малку миризлива сланина, богат сос од праз и пипепрки, ќе го претворат пилешкото во вистинско гурманско јадење!
Состојки:
5-6 страка праз (исечени на прстени)
50 гр сланина (сецкана на коцки)
1 кромид (ситно исецкан)
2-3 чешниња лук (ситно секцани)
1 морков (рендан)
4-5 компири (исечени на коцки)
1-2 лажички црвени мелени пиперки
маслиново масло, сол, бибер
300 гр пилешко месо (батаци, карабтаци или бело месо)
Подготовка: Исчистете го зеленчукот и исечете го. Месото пропржете го кратко на масло од сите страни (батаците и карабатаците може да ги оставите цели, а белото месо исечете го на коцки). Проварете го празот кратко во врела посолен вода. На маслиново масло пропржете ја сланината, кромидот, лукот и морковите. Посолете, додајте бибер, компир исечен на коцки и динстајте. Додадете ја мелената црвена пиперка, додадете малку вода да го покрие компирот и продолжете да динстате. Додадете го празот и месото, уште малку вода и гответе на тивок оган уште половина час (сè додека месото и останатите состојки не бидат целосно сварени). Послужете топло.
