Заборавете на книгите и филмовите. Кога станува збор за хобити, малите суштества од Средната земја, некои фанови на Џ.Р.Р. Толкин ја изразуваат својата ревност на конструктивни начини. Буквално!
Во Тоурт Крик, Монтана, изградено е Хобит село. Реалниот производ на фантазијата на Толкин вклучува куќи на Билбо и Фродо, Трол куќата со придружен мост, Елф “Центарот за Комуникации” и збирка од неверојатни “вила” куќички.
Тука може да се најде и престој од 1000 квадратни метри за човечка големина, сокриен во трева, чиј надворешниот облик бил копиран од “Господарот на прстените”.
Во текот на пролетта и летото, хобит ентузијастите имаат можност да живеат во селото по цена од 195 долари за една вечер или 1.365 долари за цела волшебна недела.
Хобит селото не е само за љубителите на овие класични приказни, тоа е рај каде што посетителите можат да дојдат, да се релаксираат и уживаат.

















