Убавина

Идеални вежби според обликот на телото

Вашите пропорции не се идеалните 90-60-90? Не очајувајте бидејќи бројките не се толку важни колку што е односот и складот помеѓу нив. Иако е добро познато дека напорните спортови трошат повеќе калории, истите најчесто развиваат само одредена група на мускули, а со погрешен избор ќе си направите поголема естетска штета отколку корист.

Доколку сакате да имате складно тело и обликувани мускули, занимавајте се спортовите кои одговараат на вашата телесна градба.

Кои се тие?

Типови на тела

Со оглед на пропорциите на човечкото тело и односот помеѓу горниот и долниот дел, женското тело може да се подели на три групи:

1. Андроиден тип или правоаголник со поизразен горен дел на телото

2. Гиноиден тип или триаголник со посилен долен дел на телото

3. Мономофен тип или круг, со подеднакво нагласен горен и долен дел на телото

Андроиден тип

Зацврстете ги нозете со трчање, тенис или статичен велосипед. Рацете и рамената обликувајте ги со помош на еластична трака, тегчиња и аеробни вежби, а не заборавајте ни на пределот на стомакот – правете по 100 стомачни вежби на ден.

Забранети спортови: веслање и боди билдинг.

Диета: исхрана базирана на белковини, варено месо, зенечнук и риба.

Гиноиден тип

Не претерувајте со вежбите за нозе. Занимавајте се со пливање, кои лесно го истегнуваат телото, ја зајакнуваат циркулацијата и не создаваат силни мускули. Горниот дел од телото зајакнете го со веслање, а како пасивна гимнастика користете вибромасажер.

Забранети спортови: возење велосипед, тенис, стрпер

Диета: исхрана базирана на јаглехидрати, особено житарки.

Мономорфен тип

Изберете спортови кои подеднакво ги активираат сите мускули на телото, ја поттикнуваат забрзаната работа на срцето и го зголемуваат потењето. За вас идеални спортови се брзо одење, возење велосипед, трчање, пливање, танцување и гимнастика во вода.

Забранети спортови: боди билдинг.

Диета: комбинирана и балансирана исхрана во умерени количини.

Write A Comment