На ридот над хрватскиот град Дубровник е изградена вилата „Ана“, од која се нуди прекрасен поглед кон Јадранското Море и старите градски ѕидини.
Вилата всушност претставува спој на две куќи со заеднички двор и со својата местоположба на гостите им нуди приватност, но во исто време им остава чувство дека се им е на дофат на раката. „Ана“ се наоѓа на само сто метри од најблиската плажа и на околу 500 метри од стариот дел на Дубровник.
Главната куќа се состои од четири спални соби, трпезарија, кујна, три бањи, два тоалети и просторија за вежбање, додека помошната куќа има две спални соби, две бањи, два тоалети и мала кујна. Во нивниот ентериер се употребени современи елементи, при што големо внимание им е посветено на деталите.
Надворешноста на „Ана“ ја сочинуваат голема тераса и базен опкружен со дрвени лежалки, маси и столчиња, а во негова блзина има и бања со туш кабина и мини кујна. Вилата има и сопствена гаража и приватен паркинг.





