Sweet Home

Има само 29 метри квадратни, а изгледа прекрасно

Студиото за дизајн на ентериери “3XA” го проектираше и го изведе ентериерот на минијатурен апартман во Вроцлав, Полска.

Малиот дом со површина од 29 метри квадратни е неверојатно комфорен и се состои од сите неопходни простори изведени како креативни решенија за удобно живеењ во мал простор.

Практичниот мал ентериер има поврзани кујна, трпезарија и дневна соба и спална соба на полукат изведен над ходникот во домот. Во овој дел на ходникот е компактно вметната и мала бања. Секој простор во домот гледан посебно е малечок, но симпатичен бидејќи неговиот распоред дозволува слобода.

Напиши коментар