Познатата актерка и пејачка пред две недели наполни 35 години, но фотографиите покажуваат дека годините за неа се само број.
Џесика Симпсон на својот Инстаграм профил, објави провокативни фотографии од одмор, каде што може да се види дека познатата актерка е во топ форма.
Мајката на две деца, имаше проблеми со вишокот килограми по последното породување, но сепак брзо се врати во форма и сега изгледа подобро од порано.
Печката позираше на јахта со провокативен црн костим за капење, како и со транспарентна марама во иста боја. Бројот на лајкови зборува за тоа дека познатата русокоса се врати во форма и сега изгледа феноменално.
Џесика Симпсон е во брак со американскиот фудбалер Ерик Џонсон, со кого има две деца, син и ќерка.


