Фантастичниот имот кој се наоѓа во градот Остин, може да биде ваш за 4.9 милиони долари…
Овој имот кој се протега на простор од 1.01 хектари е еден од само неколку домови кој има поглед и на езерото Остин и на центарот на градот, а се наоѓа на една од највисоките точки на градот. Вниманието посветено на квалитетот и деталите видлива е во целиот дом, кој е дело на Skirrow Studio. Некои од елементите кои се карактеристични се гипсени ѕидови со прекрасни украси, подови од cherry дрво, интересни камин, големи прозорци и стаклена врата кои пропуштаат фантастична количина на природна светлина додека низ нив се протега поглед од кој застанува здивот.
Приватниот базен со одвоена куќичка која содржи и летна кујна, фантастична веранда и џакузи, како и спортски игралишта во близина, се уште некои од луксузните погодности. Тука се и подрумот за вина и две одвоени соби за забава, што ја прави совршена за големо семејство. Ваков дом, односно дом кој совршено ги претставува сите елементи на луксузот, навистина ретко се наоѓа.

















