Sweet Home

Импозантна вила на островот Миконос

Сместена е на самата плажа на преубавиот грчки остров Миконос, со поглед на заливот Лиа и Егејското море.

Вилата има три спални соби и три тоалети, камен простор за скара и преубав простор доколку сакате да организирате забава на отворено (кога велиме забава, тука мислиме и на романтична и незаборавна вечера со вашиот партнер или партнерка!). Сепак, она што најверојатно скапо ќе ја продаде оваа преубава вила е неверојатниот „infinity“ базен кој на новите сопственици и на нивните гости ќе им даде можност да пливаат додека уживаат во погледот на преубавото Бело море.

Оваа импозантна вила сместена е на поприлично голем простор – 1.800 м2 приватна земја, додека вилата има околу 600 метри квадратни простор што, да бидеме искрени, воопшто не е мала бројка, нели? Дизајнот е модерен, комбиниран со елегантни кикладски стил на најубав можен начин. Оваа вила навистина е дом од соништата за сите љубители на морето и луксузниот и фантастичен поглед.

Write A Comment