Еден час пред да ги измешате овесните снегулки со другите состојки прелијте ги со чаша вода да набабрат.
Измешајте ги сите состојки и направете тесто. Расукајте кора и со помош на чаша или модлици направете фигури. Ставете ги да се печат додека не поруменат.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 200 гр ‘ржено брашно
* 200 гр интегрално пченично брашно
* 200 гр пченкарно брашно
* 200 гр остро бело пченично брашно
* 100 гр семки од тиква
* 100 гр излупен сончоглед
* 50 гр ленено семе
* 50 гр сусам
* 100 гр овесни снегулки
* 1 прашок за пециво
* 1 шоља масло
* 1 мала шоља кисела вода
* 1 лажичка сол
* 1 лажичка шеќер
