Sweet Home

Интересен стан во Стокхолм

Основата за дизајнирање на овој модерен апартман зачинет со класични детали, бил живописниот имот од 17-от век, во стокхолмскиот “Стар Град”. Oвој фасцинантен стан на две нивоа се протега на вкупна површина од 112 квадратни метри и има три соби.

На првиот спрат има голем ходник кој води кон главната спална како и до големиот простор за складирање на облека и чевли.

Во станот има едно купатило, исто така сместено на долниот спрат. Класичните скалила водат кон спектакуларното горно ниво, каде што изобилството на сончеви зраци создава удобна атмосфера.

Токму овде се наоѓа отворената дневна соба и трпезаријата – светол и чист ентериер, преплавен со дневна светлина од прозорите.

Како и во повеќето скандинавски домови, ѕидовите се обоени во бела боја и генерираат силен контраст со дрвените столбови и црвениот кауч. Резулатот е навистина магичен.

Write A Comment