← НАЗАД НА БОЗА

Интересни нешта за венчавките

Интересни нешта за венчавките
571 Читања

Кај повеќето двојки веридбата трае помеѓу 13 и 18 месеци, најпопуларна боја на венчавките е сината, а за да биде свадбата совршена младенците трошат и до 25 часа неделно.

Една компанија спровела истражување меѓу своите клиенти и ги пласирала резултатите од своите откритија за љубовта, свадбата и бракот.

Според нив, повеќето двојки (48 отсто) првото „те сакам“ го кажале во период од првиот до шестиот месец од врската, а 41 отсто, за помалку од еден месец, што дефинитивно покажува дека во светот има многу повеќе романтичари отколку што се мисли.

Повеќето ги запознале родителите на партнерот во првите шест месеци од врската, а девет отсто, ги запознале и порано.

Веридбата кај повеќето двојки трае од 13 до 18 месеци, а мал е бројот на оние кои се венчале многу брзо, односно во период од шест месеци (само 4 отсто од двојките).

Иако пазарот за планирање на венчавки во странство е многу развиен, повеќето младенци сепак сами ја организирале својата свадба. Сами се занимавале со тоа 68 отсто од нив, а само 8 отсто најмиле координатор кој им го организирал целиот настан.

Иако тоа на многумина не им изгледа така, планирањето на венчавките одзема многу време, а 40 отсто од двојките трошат на тоа помеѓу 10 и 15 часа. Речиси половината од нив работат на тоа до девет часа, а мал број од три отсто надминале дури 25 работни часа неделно.

Со годините поканите се измениле, па можат да бидат класични, во облик на магнет или како разгледници. Повеќето младенци (42 отсто) се одлучиле за магнети верувајќи дека тие ќе бидат најдобар потсетник .

Меѓу најпопуларните бои на венчавките, односно боја која преовладувала како тема, била сината (кај 37 отсто од двојките), виолетова (30 отсто), зелена, портокалова и бела.

Најпопуларни месеци за венчавки се јуни и септември, а најпопуларен ден – сабота.

И понатаму повеќето двојки се одлучуваат за хотелски или за банкетни сали (39 отсто), а потоа за венчавки на отворено, голф клубови и слично.

Без оглед на тоа какви патувања сакаат, младенците сепак за меден месец најмногу се одлучуваат за одмор на мирно место кадешто има сонце и убави места за опуштање, уживање и велнес. Во авантури се впуштаат само 7 отсто од двојките, а 16 отсто од двојките воопшто и не одат на меден месец.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk