Наведуваме листа на природни диуретици и нивните позитивни страни:
Зелен чај – секако претставува еден од најчесто употребуваните природни диуретици, кој за тие цели се користи веќе со векови. Денес, голем број диетални режими за детоксикација на организмот, се базирани токму на него.
Сок од брусница – се смета за еден од најдобрите и најефективните природни диуретици кога станува збор за спречување на задржување на водата и одстранување на непотребните количини вода од телото.
Јаболков оцет – овој многу добар природен диуретик, се одликува со бројни својства, а при тоа, тој е и многу добар за одржување на одговорната рамнотежа на калиум во телото.
Чај од глуварче – претставува еден од хранливите природни средства за прочистување на организмот од токсични супстанци, посебно кога станува збор за прочистување на црниот дроб и бубрезите.
Овес – изобилува со силициум, кој претставува еден од најдобрите и најпогодните природни диуретици.
Шпаргла – припаѓа во групата на алкалоиди и доста е погодна кога станува збор за успешно отстранување на отпадоците и штетните супстанци од телото, односно за зголемување на мокрачата која се исфрла.
Доматот – претставува еден од најбогатите извори на витамин Ц, а сета храна која го содржи овој витамин во поголеми количини делува како природен диуретик. Главна причина за тоа е што витаминот Ц е лесно растворлив во вода, така што секоја поголема количина се исфрла преку мокрачата. Доколку редовно консумирате поголема количина на храна која изобилува со витамин Ц, секако дека преку природен пат ќе ја зголемите количината на мокрача која се исфрла од организмот.
Копар – не само што поседува карактеристики на диуретик, туку и го олеснува исфрлањето на гасови од цревата, на тој начин помагајќи во борбата против задржување на водата и подуеност.
Магдонос – секако, уште еден од многу корисните природни диуретици, кој со своето дејство ги стимулира бубрезите, за дополнително да се зголеми лачењето на мокрачата.
