Дестинации

Историјата за Таџ Махал

Многу патници ова светско чудо го нарекуваат  најубава зграда која некогаш  е изградена во светот. Некои тврдат дека  вреди да се патува на другиот крај на светот за да се види ова чудо.

Нијансите на Таџ Махал во Индија, обложен со мермер, варираат од час во час, од едно до друго годишно време. Приказната за Таџ Махал  почнува кога ожалостениот владетел на Могул, кралот Џахан, ја подигнал оваа градба  во 1600 година, како последно почивалиште за својата сакана кралица. Сакал да го овековечи  сеќавањето кон неа. Биле потребни 22 години и 22 000 луѓе за да се заврши Таџ Махал.

Во денешно време би чинел околу 100 милиони долари. Бидејќи кралот Џаханја ја испразнил ризницата, бил отфрлен  од престолот и затворен во последните десет години од својот живот. Од своите затворски простории можел да го види чудото во кое лежела неговата сакана  и каде што и тој ќе биде  погребан на крајот. Таџ Махал е мешавина на повеќе уметнички стилови, вклучувајќи хиндуски, персиски, могулски, исламски и други. Ова светско чудо во градежништвото е навистина непроценливо. Никој  денес не би можел да собере  мајстори, во Индија или надвор од неа, кои со вештина и талент би можеле да се мерат со оние кои го изградиле овој споменик на љубовта. Големата осумаголна одаја  се повторува двапати. Две простории внатре имаат два саркофази обложени со скапоцености, еден за кралот, а другиот за кралицата. Саркофазите во горната соба се за покажување.

Во оние во долната соба се посмртините останки на кралот и кралицата. Тие две соби се акустични, дури и шепот може да се слушне од едниот крај на собата до другиот. Голем дел од ѕидовите се украсени со нежни цветни и калиграфски шари со вметнати полускапоцени камења. Четири високи минарети се издигаат од четири агли. Градбата лежи на голема црвена платформа од песочник, која произведува мал ефект на  лебдење. Рефлектирачките  базени и градини пред оваа зграда го нагласуваат  визуелниот шарм на ова место.

Таџ Махал е изграден во градот Агри,  околу 200 километри јужно од Њу Делхи престолнина на Индија. До него можете да стигнете лесно, со железнички, патен или воздушен превоз.

Write A Comment