Motherhood

Истражување: Трудниците кои внесуваат доволно јод, раѓаат попаметни деца

Експертите проценуваат како дури 1,9 милијарди луѓе ( и третина од децата во Европа) се во опасност поради недостаток на јод, кој може да доведе до оштетување на мозокот.

Недостатокот на јод може да се избегне со консумирање на морски плодови, житарки и кравјо млеко. Јодот воедно е и неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда, а неговиот недостаток во детската возраст може да доведе и до интелектуални потешкотии.

Истражувањето покажало како недостатокот на јод во исхраната кај децата на училишна возраст во Велика Британија, е поврзан со понискиот коефициент на интелигенција.

Јодот во бременоста

Трудниците и доилките имаат нешто поголема потреба за јод, бидејќи тироидната жлезда произведува повеќе хормони и губи повеќе јод поради пренесувањето на бебето во стомакот, за време на продукцијата на млеко и поради зачестеното мокрење. До 4тиот месец од бременоста додека тироидната жлезда на бебето не почне самата да лачи хормони, бебето е зависно од внесувањето на јод преку мајчината исхрана.

Се проценува дека две третини од трудниците во Европа не консумираат доволно јод во својата секојдневна исхрана. Баш поради ова СЗО почна со заложувањето за додавање на јодот во кујнската сол.

Алтернативно решение е да се препорача на трудниците земање на пренатални витамини кои, измеѓу останатото содржат и јод.

Научниците покажале дека давањето јод на трудниците може да го поттикне зголемувањето на коефициентот на интелигенција кај детето за просечно 1,22 бодови. Процентот можеби не е значаен, но кога ќе се земе во предвид цела популација, крајниот резултат, посебно кога во прашање се децата со посебни потреби, секако е значаен.

Но, јодот не треба да се зема без консултации со лекарот и утврдување дали вам воопшто ви е потребен или доволно го внесувате со секојдневната исхрана. Јодот со себе носи и некои ризици, па претераниот внес може да влијае на работата на тироидната жлезда.

Иако е докажано дека јодот значајно влијае на детската интелигенција во случаите со значаен недостаток на јод, истражувањето не е спроведено на популација кај која е присутен умерен недостаток на јод, но експертите сметаат како зголемувањето на коефициентот на интелигенција и намалувањето на трошоците за лечењето на последиците поради недостатокот на јод, може да бидат и поголеми од тоа што се мислело порано.

Висината на јодот во организмот може да се утврди со анализа на урината, а резултатите со вредност под 100 mcg/lукажуваат на сериозен недостаток на јод.

Иако кај нас праксата за додавање на јод во солта е присутна одамна и понатаму е можно низ исхраната да не се внесе доволно јод, посебно кај лицата кои внимаваат на намалено

Напиши коментар