Мода

Изберете го вашиот идеален костим за капење

Секоја година со доаѓањето на летото доаѓа и големата  дилема – со каков костим за капење да се појавиме оваа година на плажа.

Трендовите секоја година се менуваат, но оваа сезона едно е сигурно – време е да се фрли црниот класичен модел и да бидете малку повеќе смели.

Знаеме дека овој тип костим за капење секогаш е модерен, но не можете да бидете исти секое лето, нели?

Ако не сте сигурни во каков модел да инвестирате, ги издвоивме за вас најактуелните трендови со кои нема шанси да згрешите.

1. Цветни мотиви
Цветовите се исклучително убави и ќе ве натераат и вие да изгледате така. Можете смело да експериментирате со различни бои, па дури и да сакате да се држите до класика, нема да е проблем. Еден црн костим со бели цвеќиња секогаш е добро решение.

2. Спортски модел
Ако сакате да изгледате како модел од некое модно списание, изберете спортски парчиња за костим за капење. Нивните текстури помагаат за побрзо сушење, а комбинацијата од барем две бои и вертикални елементи ќе ве направат оптички послаби.

3. Плетени
Макар и да ви изгледаат чудни токму за на плажа, купачите со трикотажа не се воопшто за потценување. Прво, ткаенините, од кои се изработени, не се волнени и нема да предизвикуваат каква и да е непријатност. Дефинитивно везовите и различните апликации врз плетки стојат исклучително убаво.

4. Пливајте со акценти
Костими за капење, кои на одредени места се со “отсечени” делови може да стават акцент на деколтето и да укажат на неспоредлив начин на  женственоста.

5. Карнери
Различните карнери се многу актуелни и оваа сезона. Искористете ги со тоа што ќе ги поставувате на клучните места, на кои сакате да додадете волумен – деколтето пример.

Напиши коментар