Дестинации

Изгледа како од друга планета! За овој остров сигурно не сте слушнале

Постојат многу чудни места на планетата Земја кои не можете да ги видите во секојдневниот живот. Исто така, мали се шансите дека било кој од нас некогаш ќе ги види тие делови на планетата во живо.

Постои еден мал архипелаг со четири острови, кој е сместен во Индискиот океан, кој изгледа толку чудно што е тешко да се поверува дека е вистински. Се вика Сокотра и се наоѓа близу државата Јемен.

Она што Сокотра ја прави посебна, за разлика од другите острови, е начинот на кој е создадена и изолирана. Поради тоа, еволуирала и изгледа како земја на вонземјани.

Главниот остров е совршен пример за тоа колку всушност е чуден овој остров. Една третина од растенијата на Сокотра не можат да се нјадат никаде во светот.

Климата на островот е мешавина од тропско-пустинска и полу-пустинска клима. На ова мало и изолирано место, постојат многу сцени кои морате да ги видите.

Биолошката разноврсност која ја поседува е неверојатна. Фауната на Сокотра била загрозена заради климатските промени, па биле воведени нови видови за да не дојде до изумирање.

Сокотра некогаш била исполнета со мочуришта и потоци. Сега островот е покриен со песок.

Сокотра е едно од специјалните места во светот кое е единствено по својот изглед.

3

4

5

6

7

8

9

10

Write A Comment