← НАЗАД НА БОЗА

Извадете ја бојата за коса со помош на витамин Ц !

Извадете ја бојата за коса со помош на витамин Ц !
2221 Читања

Кога сакаат да го променат изгледот,жените најчесто ја менуваат фризурата.

Сакаат да експериментираат и стравуваат од неуспех. Но ако се одлучивте за промена на бојата на вашата коса дома а крајниот резултат ве разочарал нема потреба од паника. Сега ќе ви откриеме како да ја извадите бојата за коса која не ви се допаѓа.

За да ја поправите штетата потребен ви е витамин Ц во таблети.

Зависно од должината на косата земете поголем број на таблети, здробете ги и измешајте ги со својот шампон за коса. Таа мешавина нанесете ја на косата, замотајте ја и оставете ја околу еден час на глава. После тоа измијте и вашата оригинална боја на коса би требало веднаш да се појави. Брзо и едноставно!

После овој трик потребно е следните неколку пати кога ја миете косата да користите многу регенератор.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk