Нема ништо подобро од чувството кога доаѓате дома од салонот за убавина и ја гледате новата боја на коса, која изгледа прекрасно. Но, три недели подоцна, русите прамени се портокалови, чоколадно-кафеавата наликува на боја на кал, а вивидно црвената изгледа испрано. Веднаш потоа повторно се наоѓате во салонот, минувајќи ги овие тринеделни фази повторно и повторно.
Но, постојат начини и производи кои ќе ви помогнат да го продолжите векот на сјајот и убавината на вашата фарбана коса.
Подгответе ја косата пред фарбање
Најчесто размислуваме за тоа како да се грижиме за косата по фарбањето, но постои начин да и помогнете да косата да впие повеќе фарба уште пред да влезете во салонот. Една седмица пред да одите во салонот третирајте ја косата со регенератор богат со протеини и кератин.
Кератинот ги штити надворешните кутикули и ги регенерира оштетените протеини.
На денот кога планирате да го посетите салонот за да ја обновите вашата боја, прескокнете го шампонирањето. Природните масла кои вашата кожа ги лачи во текот на еден или два дена ќе ви помогнат да го заштитите скалпот.
Сепак, ако правите прамени или омбре, подобро е косата да ви биде чиста.
Што не треба да правите
Колку долго треба да чекате по фарбањето пред да ја измиете косата? Одговорот е, најмногу што можете да издржите. Колку повеќе чекате, толку повеќе време ќе има фарбата „да се смести“ во вашата коса.
Шампонирањето, особено кога користите жешка вода, ја опушта косата, и им дозволува на молекулите на бојата полесно да „избегаат“. Секој пат кога користите шампон, молекулите на бојата исчезнуваат, па затоа почекајте барем два дена за молекулите на фарбата да се стабилизираат. А, кога конечно ќе го употребите шампонот, користете некој со блага формула за фарбана коса.
„Блага“ значи дека не треба да содржи сулфати, кои го прават вашиот шампон пенлив, но исто така ја отстрануваат бојата. Исто така избегнувајте ги и шампоните за волумен.
Прескокнете неколку миења
Колку помалку ја миете косата, толку подолго ќе ви трае бојата. Се сетивте, нели? Размислите за употреба на суви шампони, без сулфати и со збогатена формула против УВА/УВБ зраци.
