Во зима настинките и грипозните состојби се редовно среќавана и мошне досадна појава.
Денес ќе ви понудиме една ефикасна рецепта со чија помош лесно ќе се справите со симптомите како запушен нос, кашлица, болки во грлото и сл.
Станува збор за домашно приготвен раствор од јаболков оцет, мед и лимон. Конзумацијата на овој препарат ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе ве снабди со енергија.
За приготвувањето ви се потребни: половина чаша вода, половина чаша јаболков оцет, супена лажица мед, лажичка лут црвен пипер и неколку парчиња лимон.
Сварете ја водата, исипете ја во стаклена тегла и додадете го јаболковиот оцет. Веднаш потоа додадете го пиперот, медот и измешајте.
После тоа додадете ги парчињата лимон и вдишувајте од пареата се додека течноста е врела и испарува, а откако ќе се олади почнете да пиете.
Можете да го користите овој раствор наместо чај, а ако црвениот пипер ви се чини премногу лут, слободно можете да го замените со истата доза ѓумбир.