Убавина

Јаболковиот оцет – вистински еликсир

Јаболковиот оцет долго време се смета за здрав и корисен. Можете да го користите за да направите вкусна салата, но јаболковиот оцет може да направи и чуда за вашето здравје и изглед. Дознајте како:

Вишокот на тежина – јаболков оцет може да ви помогне да ги стопите мастите. Во чаша млака вода додајте лажица оцет и пијте ја смесата пред секој оброк. Здравата исхрана и пијалок со оцет, ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми и да го исчистите организмот од штетни материи.

Варење – варењето ќе го решите доколку се напиете малку оцет и сок од лимон со вода.  Пектинот кој може да го најдете во јаболков оцет спречува констипација.

Коса – оцет може да помогне во борбата против првут. Измешајте половина шоља оцет со половина чаша вода. Прелијте ја смесата во спреј шише и испрскајте ја косата. Остави да делува 15 минути, а потоа исплакнете. Оцет ја враќа pH вредноста на скалпот, па со тоа, ќе ви помогне да се ослободите од првутот. Третманот повторете го 2-3 пати неделно.

Сјај на косата – Покрај тоа што е ефикасен во борбата со првутот, оцетот ќе ви помогне да го вратите сјајот на косата. Во 125 милилитри вода додадете една лажица јаболков оцет.  Користете ја оваа смеса наместо регенератор.

Блескава насмевка – Мала лажица оцет се меша со половина литар вода. Со оваа мешавина неколку пати неделно мијте ги забите, а потоа измијте ги уште еднаш со паста.  Резултатите ќе ве изненадат, но бидете внимателни, бидејќи јаболков оцет во големи количини може да еродира забната глеѓ.

Изгореници – јаболков оцет стимулира кожата да ги обнови ткивата.Затоа, неколку капки оцет разреден со вода и се нанесува на изгорениците за да се помогне во процесот на регенерација.

Висок крвен притисок – јаболков оцет содржи калиум, кој има корисен ефект на срцето и го намалува крвниот притисок. Ако имате проблеми со висок крвен притисок, денот започнете го со лажица јаболков оцет.

Акни – јаболков оцет може да помогне во борбата против акни и мозолчиња. Нанесете малку јаболков оцет на памук и натапкајте на проблематичните области, па воспалената кожа набрзо ќе се смири.

Напиши коментар