Се чувствувате нетрпеливи? Нервозни? Намќорести? Јапонците имаат техника за која веруваат дека може да ви помогне да го вратите балансот и да ги смирите своите емоции. Се што треба да направите е да ги притискате прстите еден по еден со другата рака.
Како и зошто функционира оваа масажа?
Јин Шин Јуцу е уметност на ослободување на тензија предизвикана поради различни симптоми во телото. Оваа техника смета дека нашето тело содржи неколку патишта по кои се движи енергијата која ги храни нашите клетки. Кога еден од овие патишта ќе се блокира, овој ефект доведува до вознемиреност, па дури и болка.
Според Јин Шин Јуцу масирањето на одредени делови на телото може да го врати балансот во телото. Во однос на масажата, односно притисокот на рацете, секој прст има своја улога. Притисокот на палецот ослободува од вртоглавица. Притисокот на показалецот помага да се ослободите од стравовите. Притисокот на средниот прст може да ви помогне да ја смирите избувливоста. Притисокот на прстот каде се носи прстен се бори со тагата, а притисокот на малиот прст ќе ви помогне да се ослободите од стресот.
Интересно, зар не? Следниот пат кога ќе чувствувате дека под стрес обидете се на овој начин да го вратите балансот.
