Motherhood

Каде грешат родителите во одгледувањето на децата

Секој човек се раѓа со одредени карактерни црти кои му остануваат целиот живот, но комплетниот карактер се формира во текот на животот, уште од најмала возраст, под влијание на родителите, околината и сл. Иако родителите го сакаат најдоброто за своите деца, тие несвесно постапуваат на начини кои можеби има негативно влијание.

Децата се како сунѓер, впиваат се, секој збор, секоја постапка, секоја емоција. Многу е важно детето да расте во средина каде постои љубов, разбирање, нежност, соработка, почитување. 

Доколку вашето дете има некои негативни карактеристики, ова се можеби одговорите на вашите дилеми зошто е тоа така

Ако детето многу лаже – многу сте строги кон него.
Ако детето нема самодоверба – не го oхрабруватe доволно.
Ако детето малку зборува – малку разговарате со него.
Ако детето краде – не сте го научиле да дава и позајмува.
Ако детето е плашливо – постојано го браните и не е самостојно.
Ако детето не ги почитува другите – многу викате на него. 
Ако детето е нестабилно, луто и мрзливо – не го фалите доволно.
Ако детето е себично – не работите со него.
Ако детето агресивно – и вие сте такви.
Ако детето е слабо – го плашите.
Ако детето е љубоморно – го запоставувате.
Ако детето те навредува – не го прегрнувате доволно.
Ако детето не те слуша – многу барате од него.
Ако детето ти е повлечено – премногу сте зафатени со други работи.

 

Write A Comment