Убавина

Како да ги отстраните влакненцата од лицето на природен начин. Домашна епилација

Постојат различни методи за отстранување на влакненцата од лицето. Некои од нив се навистина делотворни, а вклучуваат електроепилација, фото и ласерска епилација, но не се ниту малку ефтини и бараат поголеми издатоци. Ние ќе ви претставиме неколку народни методи на епилација на влакната на лицето во домашна атмосфера, без големи финансиски издатоци, а подеднакво делотворни.

Домашно средство за отстранување на влакната со сода бикарбона

Овој третман е неопходно да се прави навечер, пред спиење. Ставете 1 лажица сода бикарбона со 200 мл зовриена вода, помешајте и оставете да се излади. Ставете во растворот мало парче вата или газа, малку изцедете и ставајте на местата на кои растат несакани влакненца. Залепете ги со фластер и оставете ги да делуваат во текот на ноќта. Наутро, по остранувањето на газата, задолжително намачкајте се со хранлива крема на проблематичните делови. После 2-3 третмани ќе забележите ефекти: влакненцата од лицето ќе почнат да паѓаат.

Медицински јод

За приготвување на овој лек потребни се: 2 мл јод, 1,5 мл амонијак, 40 мл 96% алкохол и 10 мл рицинус. Сите состојки е неопходно да се смешаат и да се остават додека смесата не стане безбојна. Оваа смеса се става наутро и навечер на оние делови на лицето кадешто имате несакани влакненца. Истите ќе почнат да паѓаат после неколку дена. Постојат тврдења дека е ова решение за трајно отстранување на влакненцата од лицето.

Масло од коприва

Рецептот за ова делотворно средство е познат од дамнина, а го употребувале убавиците од 17 век:

3 лажици семки од коприва се залеваат со 100 мл од било кое растително масло. Оставете да отстои 14 дена на топло место.

Потоа се процедува низ газа и се преточува во стаклена тегличка и се затвара со капак. Секоја вечер, парче вата или газа натопено во маслото од коприви се става на проблематичните делови на лицето и се остава половина час (можете да залепите со фластер за да не паѓа). Потоа измијте го лицето со топло вода и сапун. На тој начин лицето се третира се додека влакненцата не паднат.

Лукот како делотворно средство за отстранување на влакненцата од лицето

Со свежо исцеден сок од лук се бришат проблематичните делови од лицето неколку пати дневно.

Сокот од лук се држи на лицето половина час за постигнување на максимални резултати. Потоа се мијат со топла вода и се мачкаат со крема.

Која од предложените методи и да ја изберете секоја од нив ќе ви помогне да се изборите со овој проблем.

Ако сте вешти, можете да пробате и депилација со конец, за која исто така не се потребни никакви трошоци, а со мала пракса, ќе можете да се ослободите од влакненцата на лицето. Мора да ве предупредиме дека не е потполно безболно (првиот пат), а и влакненцата не исчезнуваат засекогаш, но побавно растат.

1 Comment

Reply To ruska barisic Cancel Reply