Motherhood

Како да ги поднесете трошоците за образованието на вашето дете

Новата школска година е на прагот, а со неа  и новиот финансиски товар за родителите: книги, спортска опрема, воннаставни активности…. и баш кога ќе помислите дека финансиската структура е успешно завршена, вашиот син ќе се врати од училиште со желбите кои му се вртат во главата …мобилен телефон, игри, чевли… Како да ги зибегнете секојдневните солзи, а да не попуштите ?

1.Ако сте заглавени.. немојте да го криете тоа. Пронајдете едноставен начин и кажете му го тоа на вашето дете. Разговарајте со него за парите, откаде доаѓаат и зашто се важни, како мудро се трошат и штедат.

2.Немојте да пробувате да живеете повеќе од своите можности. Тоа е опасен бумеранг а и на детето ќе му дадете лош пример.

3. Избегнувајте да го носите со вас по продавници, а ако немате избор заедно направете список и држете го во продавницата, а ако бара нешто друго што не е на списокот изнесете го надвор, и така секој пат додека не сфати.

4.Не им поставувајте на своите деца стандарди за кои ни самите на вас не ви се соодветни. Ако купувате непотребни работи и штедите нема да разбере зашто и тоа би требало да штеди.

Write A Comment