Црниот дроб ја прочистува крвта од токсините и има голема важност за организмот. Се наоѓа под дијафрагмата, на десната страна од стомачната празнина. Неговата важност се согледува преку 500-те функции кои ги извршува. Истите можеме да ги поделиме на: метаболични функции, одбранбена функција, детоксикативна функција и функција на депонирање (складирање).
Нарушувањето на неговата работа резултира со камен на црн дроб, зголемено количество на отрови во организмот, намалување на имуниот систем, недостаток на витамини и други болести.
За да го прочистите црниот дроб потребни се само два дена според др. Кларк. Според неговите совети за оваа постапка потребни ви се:
- 4 големи лажици горка сол
- 150 мл светло маслиново масло
- 1 голем црвен грејпфрут
Во текот на двата дена не смеете да земате лекови и витамини.
Првиот ден наутро за појадок треба да јадете храна која не содржи масти: овошје, житарици, леб и мед.
Исто така, и за ручек треба да внесете само храна без масти, како што се: варен или печен компир, зеленчук, леб и овошје. Може да користите сол при подготовката на храната, но не и масло. Треба да јадете пред 14 часот, после 14 часот не смеете да јадете и пиете било што.
За во 18 часот подгответе 600 мл вода со 4 лажици горка сол, оваа мешавина поделете ја на четири еднакви дела и ставете ја во фрижидер, за да може полесно да ја испиете.
Во 18 часот испијте ¼ од горчливата вода. Може да ја исплакнете устата со вода или да се напиете.
Во 20 часот испијте уште ¼ од солената вода.
Пред легнување ставете ги грејпфрутот и маслиновото масло на собна температура. Откако ќе отстојат околу 15-30 минути може да го подготвите напитокот кој се пие во 22 часот.
Отстранете ја кората и семките и исцедете го грејпфрутот. Количината треба да биде околу половина чаша. Во чашата со сок од свеж грејпфрут ставете половина чаша маслиново масло. Убаво затворете ја чашата и мешајте додека да стане водеста. Напитокот се пие во 22 часот, со можност за задоцнување од 15 минути и се пие стоејќи не повеќе од 5 минути.
Вечерта легнете си порано и внимавајте, треба да лежите повеќе на левата страна или за да ја промените положбата кратко може да лежите на грб со поткрената глава. Солта ги отвара каналите, па затоа нема да почувствувате болка при излегувањето на каменот од црниот дроб.
Наредниот ден во 6 часот наутро испијте ја и третата доза од солената вода. Доколку имате мачнина, почекајте да помине, па испијте ја. Откако ќе ја испиете вратете се в кревет.
Два часа подоцна треба да ја испиете и четвртата доза со солена вода и повторно вратете се в кревет.
После 2 часа може полека да почнете да внесувате храна. Прво земете овошен сок, половина час подоцна изедете некое овошје, по еден час лесна храна. До вечерта треба да се вратите во нормална состојба.
Во текот на вториот ден кога ќе отидете во тоалет, во веце школката ќе забележите зелено камче како плови на површината. Тоа не е измет, туку камен од црниот дроб кој поради холестеролот лебди.
Оваа терапија за прочистување на црниот дроб се препорачува два пати годишно.
