Motherhood

Како да го искористите на работа, она што ве научило мајчинството?

Доколку имате дете, сигурно знаете колку е тешко малечкото да го одвикнете од пелени. Иако мислите дека тоа е залуден труд, не сте ни свесни колку мајчинството може да ви помога на работа. Пронајдовме за вас совети како да го направите тоа.

1. Обидете се да откриете што сака вашето дете врз основа на тонот на неговиот плач или изразот на лицето. Тоа можете да го примените и на работа, пример: говорот на телото на вашиот шеф и веднаш да сфатите што тој бара од вас.

2. Веројатно и вие како и повеќето мајки ги чувате првите запчиња, прамени од косичката и ги запишувате првите изговорени зборови на вашите деца. Тоа можете да го искористите и на работа, така што ќе ги запишувате сите унапредувања и падови, како своите така и на своите колеги и обидете се да дадете совет или критика кога е потребно.

3. Го учите детето да каже „благодарам”, „молам”, „пријатно”,… Исто така, заблагодарувајте им се на своите колеги кога ќе биде потребно и секогаш насмеано поздравувајте ги, верувајте – ќе бидат импресионирани!

4. Поставувате граница и го учите детето дека вашиот збор секогаш е последен. Таа вештина искористете ја и на работа така што нема да дозволите да ве вовлекуваат во непотребни дискусии.

Напиши коментар