Motherhood

Како да го научите детето да биде независно во играта

Заинтересирајте го детето да си игра

Дозволете на вашето дете да истражува, отвара кутии, фиоки, да вади работи од нив, да ползи во аглите…. Често сме склони на детето да му го забрануваме сето тоа, не знаејќи дека така ги ограничуваме неговите интереси. На пример, ако детето ја фати полицата со книги, одма сите книги ќе му ги спуштиме на под, на овој начин детето не се учи на независност, наместо да учествуваат во играта, тие се само незадоволни и пасивни набљудувачи.

Работете на независноста

Ова ќе го постигнете така што ќе му дадете на детето играчки со кои може да си игра ( коцки, разни слагалици, конструктори ). Запомнете дека она што кај возрасните се обични и практични прибори, тоа кај децата е најинтересната играчка на светот. На вас останува само да се помирите со тоа, да ги тргнете опасните предмети ( мобилен телефон, остри предмети ) и дадете му го на детето тоа што ќе го посака но се разбира да не е нешто со кое што може да се повреди.

Поттикнете ја имагинацијата на детето

Играта е креативен процес што се развива. Што е детската имагинација побогата толку и играта е интересна. Доколку му ја поттикнете имагинацијата, нема да бидете во ситуација да се жали како му е досадно. Тоа лесно ќе ја смисли играта и ќе користи предмети и играчки кои му се на располагање. Оставете го детето да си игра колку што ќе посака, и никако немојте грубо да го спречите во тоа- поради тоа што покасно тешко ќе се справи со реалноста.

Write A Comment