Motherhood

Како да го научите детето да го издува носот?

Одржувањето на хигиената на носот е од голема важност, а на родителите им се препорачува да водат сметка за редовното отстранување на секретот од носот на детето. Меѓутоа, тоа не баш лесно, бидејќи децата пред тоа мора да научат како тоа се прави. Иако за возрасните отстранувањето на секретот од носот е едноставна работа, на малите деца им е многу комплицирано да сфатат што од нив се очекува. Еве неколку совети како да им помогнете што побрзо да научат како да го издуваат носот. 

ДИШЕЊЕ НА УСТА

Најпрво, запознајте го детето со вештината на дување на воздухот низ уста. Дадете му на вашето дете да дува свеќички и меурчиња, или дури ситни парчиња хартија од масата. Вклучете ја фантазијата, дувајте со нив, ќе му биде позабавно. Кога ќе ја совлада оваа вештина, можете да воведете идеја – испуштање воздух низ носот.

ДУВАЊЕ НИЗ НОС

Објаснете му ја на детето техниката дишење преку нос. Нека со прстот ја држи едната ноздра затната, а вие поставете огледалце под неговиот нос, за да може да види кога воздухот излегува. Наместо огледалце можете да поставите парче марамче. На детето ќе му биде забавно да види како марамчето се поместува при секое негово испуштање на воздухот низ носот. Секако, не е целта детето да се напрегнува, туку да го научите полека да го издува воздухот.

ПОФАЛБАТА КАКО ПОТТИК

Најдобро своето дете да го учите во фази да го дува носот. Наместо да го затрупувате со марамчиња, искористите ги другите можности. Кога се возбудени, децата побрзо го испуштаат воздухот низ носот, затоа дадете им играчка или направете смешна гримаса, а кога ќе почнат да дуваат и да го исфрлаат секретот од носот, пофалете ги и честитајте им со одредена фраза која ќе биде карактеристична секој пат кога правилно ќе дувнат низ носот. Ако ова го правите редовно, детето ќе сфати што, всушност, од него се очекува.

ИСКОРИСТЕТЕ ГИ ПРЕДНОСТИТЕ НА КАПЕЊЕТО

Капењето е иделна „активност“ за да ги научите децата на ова, за нив, комплицирана задача. Натерајте ги да го стават носето под млазот вода и да прават меурчиња користејќи го носот. Ова на децата секако ќе им биде интересно, а на тој начин и полесно ќе научат да дуваат низ носот. 

КОРИСТЕТЕ ОГЛЕДАЛО

Додека вие знаете дека со дувањето на носот нешто ќе се случи, децата немаат претстава за тоа. Тие не знаат дека кивањето им го олеснува дишењето и дека нешто излегува од носот кога се настинати. Следниот пат кога на вашето дете ќе му биде затнат носот ставете го пред огледалото и, без разлика колку тоа ќе ви биде непријатно, натерајте го да дува се додека нешто не излезе надвор. 

НЕКА ДУВАЊЕТО НА НОСОТ СТАНЕ ОБВРСКА

Токму како што ги фалиме кога ќе научат да ги врзуваат врвките, битребало да го направиме исто толку важно да се чувствуваат кога успешно ќе го издуваат носот. Бидете креативни колку што сакате, купете убави марамчиња со детски мотиви или поттикнете го детето само да ја дизајнира и украси својата кутија со марамчиња, а потоа предизвикајте гододека не го потроши последното марамче од кутијата само да научи да го дува носот во нив. 

БИДЕТЕ ВИЕ НЕГОВ ПРИМЕР

Децата многу работи учат имитирајќи ги возрасните. Кога учат да зборуваат, најпрво го имитираат вашиот глас. Затоа, нека детето ве гледа кога го бришете носот, за таа слика да му остане меморирана во главата. 

Напиши коментар