← НАЗАД НА БОЗА

Како да го заштитите вашето бебе од сонцето

Како да го заштитите вашето бебе од сонцето
482 Читања

Високите температури на сите им сметаат, па така и на најмладите. Бебињата неможат да се пожалат колку им е топло и важно е да ги разладувате кога живата на термометарот го поминува 35-тиот степен.

  • Новороденчињата никако не ги изнесувајте на сонце од 11 до 18 часот. Кога ќе го носите надвор, мало шеширче или капче е задолжително.
  • Во текот на ноќта добро изветрејте ја собата во која малечкото спие, покривајте го само со памучен чаршаф.
  • Преку ден би требало да биде лесно облечено и во разладена соба, но не таму каде што се наоѓа клима уредот.
  • Можете да натопите крпа, па со лесни движења поминете ја кожата на бебето.
  • Најважно од се е да внесува доволно течности, бидејки тоа е клучно за нормалната телесна температура, а доењето е доволно. Мајчиното млеко содржи доволно вода колку што е потребно на бебето, бидејки бубрезите во тој период не се во потполност развиени.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk