Art & Crafts

Како да изберете добар дезодоранс?

Многумина од вас го избираат дезодорансот по мирисот или под влијание на ефектна реклама, без знаење за нивниот состав.

Добриот дезодоранс би требало да содржи три компоненти: антиперспирант, антисептик и парфем.

Антиперсирантот го намалува лачењето на потните жлезди. Најчесто користени антиперспиранти се солите на алуминиумот, хлоридите и талкот. Талкот ја впива потта, ја зголемува површината од која испарува потта и така ја суши и ја лади кожата.

Антисептикот го намалува бројот на бактериите, а со самото тоа и непријатниот мирис.

Од антисептиците најчесто се користат триклосанот, хексахлорофенот, бензакониум-хлоридот и хлорхексидин диглуконатот.

Парфемот кој се додава на дезодорансот го покрива непријатниот мирис. Има и дезодоранси без мирис, кои го намалуваат мирисот на потта со антисептичкото и антиперспирантното дејство и овозможуваат да се користи парфем по сопствена желба, без мешање со мирисот на дезодорансот.

Пред да купите дезодоранс изберете некој што ги содржи овие компоненти.
Можат да се најдат и маслени дезодоранси кои подолго мирисаат, што е точно заради што пaрфемот побавно се ослободува од маслото, но истовремено го спречува испарувањето на потта.

Освен со дезодорансите, непријатниот мирис се намалува со носење соодветни обувки и облека што и овозможува на кожата да дише и се разбира со активно капење затоа што водата ги мие вишокот на микроби.

Напиши коментар