Bridal

Како да изберете фотограф за вашата венчавка?

Неколку години по свадбата, ќе ви останат само спомените на неа, снимката и неколку албуми со фотографии. Затоа вашите слики од свадбата треба да бидат совршени. За да го постигнете тоа, пронајдовме за вас неколку совети како да изберете фотограф за вашата венчавка.

Не треба да штедите пари на фотографот. Колку поскапо ќе го платите и вашите фотографии ќе бидат поубави и совршени. А тоа е она што го сакате.

Првин размислете какви фотографии сакате. Дали сакате ретро, модерни или винтиџ-фотографии, па според тоа изберете го и фотографот. Секој фотограф се занимава со различен стил на фотографии, па вие самите морате да одлучите кого ќе го изберете.

Со фотографот морате да имате добар однос. Ако не се сложувате со него, нема да бидете задоволни и вашите фотографии нема да бидат онакви какви што посакувате. Обидете се да имате што подобар однос со него, а ако тоа не ви успева, тогаш побарајте нов.

Најважно од сè е вашиот фотограф да биде на време на договореното место. За да бидете сигурни во тоа, речете му да дојде десет минути порано, бидејќи сакате да го забележи секој ваш чекор.

Напиши коментар