Бананата е овошје полно со витамини и минерали, брзо ќе ве засити и што е најважно многу е вкусна, но сепак има уште нешто што може максимално да го искористите на 3 начини.
- Против вирусни брадавици
Ставете парче од кората на брадавицата и со салотејп или фластер залепете и оставете преку ноќ. Во утринските часови извадете ја. Секоја ноќ, повторете го процесот додека брадавицата не се исуши.
- Против убоди и иритација на кожата
Протријте го местото на убодот со внатрешниот дел од кората на банана и чешањето и пецкањето наскоро ќе исчезне.
- Против акни
Со внатрешната страна на кората неколку минути нежно измасирајте го лицето на местата каде што се појавени акните, односно додека кората не потемни.
