Motherhood

Како да ја спречите настинката додека сте бремени?

Бременоста е најубавиот период од животот на секоја жена. Но бремените жени обично имаат послаб имун систем од останатите луѓе затоа треба доста да внимаваат да не настинат. Настинката како и останатите болести не се пожелни посебно не во тој период бидејќи може да се задражат подолго време и да предизвикаат извесни компликации и кај мајката и кај нејзиното бебе.

Во ваков случај бремените жени не можат да пијат секакви лекови затоа што можат да му наштетат на бебето. Најдобро би било да се консултираат со нивниот доктор или да се обидат да се излечат на природен начин доколку нема некои посебни компликации.

Обидете се да одмарате што повеќе, пијте доста течности како билни чаеви и вода, перете го грлото со сол и вода за да го намалите воспалувањето и инхалирајте за да си го олесните дишењето. Внимавајте и избегнувајте ги загушливите простории и контактот со болни луѓе во текот на бременоста.

 

 

Напиши коментар