Старите јадранки за час може да се претворат во несекојдневни и модерни сандали.
Потребно ви е само малку време, желба и секако, една убава, тенка и долга марама.
Марамата сечете ја на 2 дела по должина, секој дел свиткајте го на половина и заврзете го околу јадранките како на сликата.


Потоа само намотајте по должината на јадранките, заврзете ја марамата околу ногата и вашите сандали се подготвени за прошетка.

