ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 10 пиперки
* 1 печена лута пиперка
* 2 домати
* 5 гранчиња магдонос
* 5-6 чешниња лук
* по потреба сол, масло.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пиперките најпрво измијте ги и испечете ги.
Во сад за толчење ставете го лукот, посолете и истолчете го.
Печените пиперки исечкајте ги на парчиња, а потоа додајте ги во садот со лукот. Истолчете ги заедно.
Доматите измијте ги, излупете ги по желба, па исечкајте ги и благо истолчете ги. На крај додајте ги и нив во садот.
Додајте го сечканиот магдонос и измешајте ја смесата. Посолете и налејте масло кое може да е ладно или малку загреано.
На крај, измешајте ги добро сите состојки и готовото макало послужете со топло лебче.
