← НАЗАД НА БОЗА

Како да носите шишки?

Како да носите шишки?
2269 Читања

Без разлика дали вашата коса е кратка или долга, или можеби со средна должина- шишките се шик додаток на целокупниот изглед. Постојат повеќе начини на кои можете да ги носите вашите шишки, а еве неколку примери за тоа:

Разбушавени шишки
Агнес Дин ги носи шишките на фанки начин, а нивната несреденост совршено и прилега на нејзината кратка шик фризура.
Кратки и асиметрични
Ваквите шишки дефинитивно го привлекуваат вниманието и кажуваат дека оној кој ги носи е мошне сигурен во себе и подготвен за модни ризици.
Исфенирани нанадвор
Ваквите шишки се уникатни, не се нешто што често може да се види по улиците, но се интересен предлог доколку сакате да пробате нешто ново.

 Шишки на страна

Делуваат нежно, грациозно и да добиете совршен изглед со нив нема да ви биде потребно многу труд и време.

Cовршено исфенирани

Шишките го урамуваат лицето, па зошто да не ги средиме како под конец? Рејчел Билсон ги фенира шишките во “тулумба“ стил, ама со ваквата фризура тоа изгледа баш симпатично.

 
Cекси зафрлени на страна
Шишките на страна се доста прилагодливи, само поминете со прстите низ нив за малку порастурен изглед и ќе добиете секси ефект.
Во две бои
Доколку сакате нешто поинтересно од обичните шишки, пробајте да ги обоите во две бои- ќе добијат на волумен и секако ќе привлечат внимание.
 
Две текстури
Пробајте да носите прави шишки на брановидна коса- резултатот ќе биде интересна и забавна фризура.
Долги шишки

На долгата коса убаво и прилегаат долги шишки, до очите (иако ќе имате малку проблем со видот).

 

 

 

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk