Motherhood

Како да откриете дали навистина овулирате?

Повеќето жени овулираат отприлика на средината на менструалниот циклус (ако го земете како прв денот на добивањето). Ако направиме груба пресметка, со одземање на 14 до 16 дена од датата на која очекувате да дојде наредниот циклус, ќе може да добиете претстава кога овулирате.

На пример:

  • Доколку знаете дека вашиот циклус ќе започне на 30-ти овој месец, вие најверојатно овулирате помеѓу 14-ти и 16-ти месецов.
  • Доколку циклусот треба да започне на 18-ти овој месец , вие најверојатно овулирате помеѓу 2-ри и 4-ти месецов.

Како и да е, овулацијата зависи од должината и редовноста на менструалниот циклус – што значи дека тешко е да се предвиди истата доколку циклусот варира од месец во месец. Постојат некои физички симптоми кои ја следат овулацијата, но тие се многу суптилни и не секој може да ги забележи. Околу 20% од жените доживуваат ниска абдоминална болка за време на овулацијата. Чувствителноста на градите е уште еден симптом.

Исто така можете да ја следите вашата базална телесна темпераура (односно вашата телесна темпераура рано наутро) која е добар показател за тоа кога овулирате. Базалната температура се покачува за половина степен кога настанува овулацијата. Ова покачување е речиси неприметно, така што потребен ви е посебен топломер за да можете прецизно да ја измерите. Вагиналниот секрет е уште еден показател: повеќето жени имаат прозирен и еластичен секрет (кој може да се растене помеѓу два прста) во деновите кои се пред самата овулација.

Во денешно време постојат и попрецизни тестови. Тие тестови го забележува напливот на лутеинскиот хормон, кој вашето тело го испушта два дена пред овулацијата. Овие тестови даваат најточни резултати во споредба со мерењето на базалната температура или барањето на физички показатели.

Write A Comment