Забниот камен не е воопшто убава појава, ниту пак чувството кога го движите јазикот врз забите. Меѓутоа, ако не сакате секој пат да одите на забар за да го отстраните насобраниот забен камен, тогаш прочитајте како да го направите тоа на природен начин.
Во чаша ставете малку јаболков оцет, а потоа во него натопете ја четкичката за заби. Оставете ја да стои неколку минути, а потоа со четкичката протријте ги добро вашите заби. Ако е потребно, повторете ја постапката неколку пати. Потребно е забите да ги четкате околу три минути. Потоа измијте ги на вообичаен начин користејќи паста за заби.
