Art & Crafts

Како да постапите при задушување со храна

Често не сме ни свесни за фактот дека само неколку секунди можат да нè делат од смртта. Дури и највообичаената работа која секојдневно ја правиме, може да биде кобна.

Кога се децата во прашање, секогаш внимаваме да мируваат додека јадат, особено кога станува збор за насладување со бонбони. Возрасните, пак, се внимателни кога јадат риба или месо кое содржи ситни коски.

Но, тоа не е единствената опасност. Не е реткост некое залче да тргне по погрешен пат, а доколку не се пружи на време соодветна помош, може да дојде до смртни последици од задушување со храна.

Погледнете го видеото и прецизно проучете ја постапката што треба да направите во моментот кога вие или некој во вашата близина се соочи со ваков проблем.

Напиши коментар