1. Направете мали ритуали
Рутините и традициите, заедно со исхраната и средината, можат да дадат долготрајни ефекти.
Правењето на мали, секојдневни работи (како пеење на некоја посебна песна пред спиење, семејна игра навечер и слично) се претвораат во специјални традиции што ќе направат да се почувствувате поблиски со вашето дете. Малите деца минуваат низ многубројни развојни промени, па сè што може да биде предвидливо, ќе направи да се чувствуваат побезбедно – особено ако таквиот момент можат да го споделат со вас.
2. Покажете ја вашата будалеста страна
Измислете будалести песни, танцувајте кога ќе слушнете музика (па и кога нема да слушнете) и бидете спонтани. Децата не очекуваат возрасните да имаат смисла за хумор, па кога ќе се откачиме, тие уште повеќе се поврзуваат со нас.
3. Прекршете ги вашите сопствени правила
Понекогаш изненадете ги со честење, како пица или со дозволување сами да си одберат играчка. Бидејќи тоа им е неочекувано, ќе сфатат колку посебни се и ќе ги израдува.
4. Читајте им
Времето за читање е одличен начин за започнување на конверзација и за поставување прашања меѓусебно. Кога читате, преправајте се со гласот, одново прочитајте ги омилените места и вклучете го името на вашето дете во приказната.
5. Поминувајте време со секое од вашите деца
Направете секое дете да се чувствува посебно со тоа што ќе изнајдете различни начини на поврзување со нив. Одведете едно дете во паркот додека другите се со другарчињата или изработувајте нешто со ќерката додека братчето спие. Ваквото одвојување време само за нив, децата ќе го паметат до крајот на животот.
6. Бидете до него кога ќе згреши
Како што го поттикнувате да успева, оставете да научи и да губи, а тогаш бидете со него и гушкајте го и храбрете го.
7. Бидете му другар
Вашето мало дете е на возраст кога сака да се дружи со вас секоја секунда, па затоа искористете го тоа и уживајте ја секоја минута. Ако почне да се однесува будалесто, и вие однесувајте се така со него и повикајте го да правите нешто во кујната или бавчата.
