Паровите по некогаш толку многу се внесуваат во организација на свадбата, што забораваат што всушност значи бракот- брачниот живот се состои од компромиси и комуникација.
Компромис
Збор кој звучи познато и не така тешко, во брак, кога ситници можат да направат многу проблеми, многу полесно може да се изговори отколку навистина да се направи компромис. Некогша апсолуно не е бино дали миалникот е полн со садови или кога некој оди на спиење.Во брак овие работи можат да ги оддалечат партнерите и потребно е да се најдее срадина. Заеднички наоѓајте решение и ако и двајцата се согласите, не би требано да постои проблем.
Семејство,пријатели и гости
Паровите треба заедно да одлучуваат колку често сакаат да имаат полна куќа. Тој може не сака вашата мајка да доаѓе еднаш месечно на недела дена, а на вас не ви допаѓа што секој петок игра игри со другарите со до сабајле. Затоа теба да се договорите кое време и колку време е дозволено за дружење и гости.
Пари
Парите можат да бидат многу чувствително прашање бидејки треба да се платат долговите, трошоците, инвестициите и приходите. Не некои им одговара да имаат заедничка сметка, додека на други им одговара сами да си ги регулираат трошоците.
Во идеален случај, тоа прашање треба да се реши пред баркот. Најдобро е се да биде јавно. Ако имате посебни сметки потрудете се сите трошоци да ги “пријавите“ и така секогаш да знаете на чии пари може да сметате.
Првата кавга
Многу е битен начинот на кој ќе ја решите правата барачна кавга, бидејки тоа претставува темел за сите идни несогласувања. Прво мора да отстапите од решавање на несогласувањето додека проблемот е свеж. Преспијте, изладете ја главата и тогаш кажете како сте се чувствувале кога сте го имале проблемот. Викањето и навредите нема да го решат проблемот. Бракот не е едноставен. Пробајте да бидете трпеливи, сетете се зошто сте се венчале и како сте се чувствувале тогаш. Вашиот пратнер е ист и вие сте исти. Се што сте сакале тогаш, сакате уште повеќе, се што ви сметало тогаш ви смета уште повеќе.
Ако очекувате нешто драстично да се измени, премногу притисок ставте врз врската.
Постојат добри и лоши времиња, погрешно е да очекувате дека цело време се ќе биде совршено. Тие што очекуваат премногу, брзо се разочаруваат и полесно се разведуаваат.