Покрај предупредувањата за внимателно изложување на сонце, понекогаш забораваме да се намачкаме со крема за сончање или пак да седиме заштитени под сенка. Во таквите ситуации се случува црвенило на кожата кое боли, чеша и остава чувство на затегнатост.
Сепак постојат неколку начини како да се справите со изгорениците. Една од првите работи што треба да ги направите е да се разладите под туш, со ладен пијалок, а со коцките лед може да се помине преку црвените зони на кожата. Поради опасност од дехидрација потребно е да се пие многу вода.
Во случај на поголеми изгореници добро е да се напиете аспирин или пак ако ситуацијата е сериозна да побарате помош од доктор.
Зелениот чај исто така може да биде од помош во такви ситуации, но треба прво да го оладите, а потоа да го нанесете како облог на телото.
Ова се неколку начини како да ги спречите изгорениците:
1. Користете креми со висок фактор
За да ги намалите ризиците од сончањето препорачливи се креми со висок фактор на заштита. Важно е да се мачкате по секое излегување од морето. Избегнувајте ги маслата за сончање, пишува Allure.com.
2. Бидете темелни
Најосетливите делови се лицето, градите и рамениците, па редовно обновувајте ги слоевите крема. Не заборавајте да ги поминете со крема деловите од телото што се осетливи како стапалата, пределот над усните, делот околу пазувите и слично.
3. Средствата за самопотемнување не се заштита
Покрај тоа што нема да ве заштитат ваквите средства може да предизвикуваат зголемување на ризикот од опекотини, покажува едно истражување на Универзитетот во Аризона.
4. Не ја потценувајте ја важноста на кремата за сончање
Сонцето е голем причинител на брчки на кожата. Покрај тоа, шокантно е што ракот на кожата се уште е најчестиот облик на рак во САД иако во голема мера може да се спречи неговата појава.
